четврток, 26 март 2026

Во Германија, зголемувањето на цените на горивата е дозволено само еднаш дневно

Германскиот парламент денес усвои пакет мерки за спречување на зголемувањето на цените на горивата, а главната мерка е забрана за повеќекратно зголемување на цените во еден ден и зголемување на овластувањата на Федералната агенција за картели при контролата на движењата на цените на горивата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според пакетот мерки, на бензинските пумпи треба да им биде дозволено да ги зголемуваат цените на горивата само еднаш дневно,и тоа напладне, додека намалувањето на цените е дозволено повеќе пати на ден. Се очекува пакетот да биде изгласан и од горниот дом Бундесратот, утре, и треба да стапи во сила пред велигденските празници.

Сепак, веднаш по усвојувањето на овој пакет мерки, демохристијанско-социјалдемократската влада на Фридрих Мерц сигнализираше нови мерки што ќе го олеснат товарот врз граѓаните, особено возачите.

Министерката за економија Катерина Рајхе (Христијанско-демократска унија ЦДУ) посочи на можноста за зголемување на даночните олеснувања за патување до работното место. По седницата на Бундестагот, таа рече дека се разгледува и намалување на даноците за електрична енергија.

Владата сигнализираше воведување нови мерки по критиките дека мерките усвоени денес нема да бидат доволни за ублажување на наглото зголемување на цените на горивата по нападите на САД и Израел врз Иран на крајот на февруари. Економистите и претставниците на економијата, како и парламентарната опозиција, се сомневаат околу тоа дали новите мерки навистина ќе доведат до забавување на растот на цените на горивата.

Здружението на сопственици на средни претпријатија, кое го претставува најголемиот работодавач во Германија, објави дека мерките усвоени денес можат да бидат само „првиот чекор“ во сеопфатен пакет што би ги олеснил претприемачите и граѓаните.

Јавноста и медиумите со денови ја критикуваат владата бидејќи, за разлика од, на пример, владата во Шпанија, не прави ништо за да го амортизира порастот на цените на енергенсите по ескалацијата на Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ