среда, 31 декември 2025

Во ЕУ меѓу 60 и 80 отсто од населението се заразиле со коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

„Се проценува дека меѓу 60 и 80 отсто од населението на ЕУ досега имале ковид-19“, рече Киријакидес на прес-конференција.

Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, досега се забележани регистрирани случаи на ковид-19 кај околу 30 отсто од населението, но ако се додадат непријавените случаи, бројката се искачува на околу 350 милиони, или околу 77 отсто од ЕУ-популацијата.

Откако пандемијата на коронавирусот стивна, Комисијата ги повика земјите-членки да го поттикнат вакцинирањето на досега невакцинираните лица, особено на децата пред почетокот на новата учебна година.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата, преминувајќи од вонредна состојба кон поодржливо справување со ковид-19. Сепак, мора да останеме будни. Бројот на заразените останува висок во ЕУ, а многу луѓе и понатаму умираат од ковид-19 низ целиот свет. Покрај тоа, може да се појават нови варијанти и да се шират брзо. Затоа, треба дополнително да ја засилиме вакцинацијата и да поттикнеме таргетирано тестирање и треба да продолжиме тесно да ги координираме нашите дејства во ЕУ“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ