Уште 91 лице починале како последица на ковид, а кај новозаразените доминира сојот омикрон на коронавирусот, пренесува Ројтерс.
Во болниците има 5.259 пациенти, од кои 554 се на интензивна нега.
Во Бугарија од почетокот на пандемијата се потврдени вкупно повеќе од 840.000 случаи на зараза, а починале 32.332 лица.
Во Бугарија, која има околу 7 милиони жители, помалку од 30 отсто од населението се вакцинирани.
Владата во повеќе наврати апелираше до граѓаните да се вакцинираат, за да се избегнат притисокот врз здравствениот систем и воведувањето построги антиепидемиски мерки.






