среда, 1 април 2026

Во Белорусија забележани значителни маневри на руско вооружување

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата се наведува дека возови полни со руско вооружување и оклопни возила се видени на железничките станици во главниот град Минск, но и на повеќе станици на југоистокот на Белорусија.

На железничката станица во Речица на југоистокот на Белорусија се видени тенкови и камиони, но и противвоздушни ракетни системи и амфибиски оклопни возила.

На аеродромот Барановичи на западот на Белорусија е забележано полетување на шест руски борбени и транспортни авиони, а од аеродромот Мачулишчи во близина на Минск полетале повеќе руски хеликоптери.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и му помага од почетокот на војната во Украина. Русија ги повлече повеќе свои сили од северот на Украина и се фокусира на источниот регион Донбас и југот на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ