Учесниците по поворката од центарот на градот положија венци и цвеќиња на Гробиштата на ослободителите на Белград, а на комеморативната поворка учествуваа претставниците на српската влада Ненад Поповиќ и Александар Вулин и рускиот амбасадор Александат Боцан Харченко.

Министерот без ресор во владата на Србија Ненад Поповиќ истакна дека „ Србија и Русија секогаш биле на вистинската страна на историјата“ и порача дека денешните генерации имаат обврска „со сите политички средства да ги бранат двете најголеми вредности на Србија – слободата и независноста“.
На собирот, со повици „Ура“, „Да живее Русија“ и „Да живее Путин“, беше носена и картонска фигура на рускиот претседател, како и големо „Z“, симболот на руските сили во Украина.
[video:https://youtu.be/78une96DDI8 autoplay:0] [video:https://youtu.be/76ftuLOXSjs autoplay:0]





