понеделник, 8 декември 2025

Во Австралија измерени 50,7 степени, изедначен рекордот од 1962 година

Објавено на

часот

Сподели

Така е изедначена највисоката измерена температура во историјата на Австралија откако се започнати мерењата. Температурата е измерена во градот Онслоу на западниот брег на Австралија. Изедначен е рекордот од 1962 година кога на југот на Австралија се измерени 50.7 степени. Локалниот Завод за метеорологија потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време.

Според локалните медиуми, просечната температура во Онслоу во овој период од годината е 36,5 степени. Два други града, Марди и Робурн, вчера пријавија температури над 50 степени, Лук Хантингтон од споменатиот завод рече дека акумулацијата на топол воздух во регионот се должи на недостаток на невреме со грмотевици.

Еден жител на Робурн, Марк Барат, изјави за Еј-би-си њуз дека температурите станале толку високи што климата во нивната канцеларија престанала да работи. Температурите утре ќе бидат во благ пораст, а во наредните денови се очекува заладување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ