„Настрада подрачје во националниот парк Кајамбе Кока и, според зонирањето, нафтата се излеа во заштитеното подрачје“, се наведува во соопштението на министерството за животна средина.
Со нафта се загадени околу 21.000 квадратни километри од националниот парк. Нафтата се излеала и во Кока, голема река во областа Амазонија која се влева во Рио Напо.

Овие две реки снабдуваат со вода многу заедници, вклучувајќи ги домородните.
До денес ни владата ни приватната компанија ОЦП која управува со нафтоводот не објавија колку нафта се излеала во природата.
Националниот парк Кајамбе Кока, со површина од над 4.000 квадратни километри, зафаќа четири покраини во планинската област богата со прашума во базенот на Амазон, на висина меѓу 600 и 5.790 метри.

Името го добил по вулканот Кајамбе и реката Кока која тече низ таа област. Таму живеат стотина видови цицачи и речиси 400 птичји видови.
Паркот, сместен стотина километри североисточно од главниот град Кито, исклучително е богат со вода: водопади, брзаци, извори, лагуни, мочуришта и облаци магла со постојан дожд.






