четврток, 19 март 2026

Владата на Србија ја продолжи забраната за извоз на нафта и нафтени производи до 2 април

Српската влада одлучи да ја продолжи забраната за извоз на нафта и нафтени производи за погон на мотори до 2 април 2026 година, објави денес Министерството за рударство и енергетика.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт, а ја продолживме како една од мерките да ги заштитиме граѓаните и економијата од континуираниот пораст на цените на нафтата на светскиот пазар“, изјави српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа додаде дека е донесена и одлука за „ослободување на 40.000 тони дизел од резервите, како дополнителна мерка за заштита на пазарот, која ќе се спроведе во наредните денови“.

Целта на мерката, како што е намалувањето на акцизата на гориво во износ од 20 проценти, е, според неа, да се заштити домашниот пазар од недостиг на нафтени деривати и скокови на цените, поради глобалните нарушувања на светскиот пазар предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток и зголемувањето на цените на нафтата за 40 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ