Сергеј Кириенко одржа говор покрај споменикот, на кој е прикажана постара Украинка што држи советско знаме, на плоштадот Ленински Комсомол во градот.
Пензионерката, позната како бабушка Ања, стана популарна меѓу провоените Руси откако во април беше снимена како со советско знаме по грешка ги поздравува украинските војници.
Замруководителя администрации президента Сергей Кириенко совместно с сенатором Андреем Турчаком и Денисом Пушилиным открыли памятник украинской бабушке Ане, которая вышла к украинским солдатам со Знаменем Победы. pic.twitter.com/tP8U5gnLCd
— ДНР Онлайн (@DNR_online_) May 5, 2022
Руските државни медиуми нашироко го споделуваа видеото како доказ за „народната поддршка“ за инвазијата на Москва во Украина, при што сликата на Ања почна да се појавува на билбордите, зградите и на производите.
„Бабушка Ања е симбол на татковината за целиот руски свет“, рече Кириенко пред толпата на откривањето, според видеото објавено од Андреј Турчак, висок член на партијата Единствена Русија, доцна во средата.
„За жал, не го знаеме нејзиното целосно име, но дефинитивно ќе го дознаеме и ќе имаме можност да ѝ се заблагодариме и да ѝ се поклониме“.
Руските медиуми минатата недела објавија дека Кириенко ја презел одговорноста за односите на Кремљ со сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина, и покрај тоа што обично ја предводи внатрешната политика на Путин, вели Москва тајмс.
Аналитичарите ја протолкуваа реконструкцијата како потенцијален знак за плановите на Русија да го вклучи источниот украински регион Донбас како дел од Русија, и покрај тоа што Путин официјално ги призна и Доњецк и Луганск како независни земји пред инвазијата на Украина на 24 февруари.
Денис Пушилин, сепаратистичкиот водач на Народната Република Доњецк во источна Украина, исто така објави видео од настанот.
Тој рече дека на Кириенко и на Турчак им се придружиле рускиот пратеник Дмитриј Саблин и градоначалникот на Мариупол, Константин Ивашченко, поставен од Москва.






