среда, 8 април 2026

Венс ги предупредува Иранците: Трамп е нетрпелив

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс кој учествуваше во последните часови од преговорите што доведоа до примирје со Иран, рече дека се работи за „кревко примирје“ кое му откри многу за функционирањето на иранскиот систем.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи во Будимпешта, Венс рече дека реакциите од Иран се мешани, во зависност од тоа од кој дел од власта доаѓаат. Тој рече дека министерот за надворешни работи реагирал позитивно на планот, додека други, тврди тој, „лажеле“ за ефектите од американската воена акција и самата рамка на примирјето.

„Затоа велам дека ова е кревко примирје. Имате луѓе кои јасно сакаат да седнат на преговарачка маса и да работат со нас на добар договор, а потоа ги имате оние кои лажат дури и за кревкото примирје што веќе го постигнавме“, рече тој.

„Ако Иранците се подготвени да соработуваат со нас со добра намера, мислам дека можеме да постигнеме договор. Ако лажат, мамат и се обидуваат да го спречат спроведувањето дури и на ова кревко примирје што го воспоставивме, тоа нема да помине добро“, предупреди тој.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал од својот тим засега да ја одложи употребата на одредени воени, дипломатски и економски алатки за притисок врз Иран. Но, тој нагласи дека тие опции остануваат на маса ако Иран не се вклучи конструктивно во преговорите за трајно завршување на војната.

„Тој ни рече да седнеме на преговарачка маса“, рече тој, осврнувајќи се на Трамп.

„Но, ако Иранците не го сторат истото, ќе видат дека американскиот претседател не е некој со кого треба да си играат. Тој е нетрпелив. Тој е нетрпелив да постигне напредок“, заклучи Венс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ