вторник, 20 јануари 2026

Велика Британија официјално му одговори на Трамп за коментарот за „ГОЛЕМ ИДИОТИЗАМ“

Британската влада издаде официјален одговор на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за договорот за архипелагот Чагос. Трамп на Трут соушл изјави дека одлуката на Велика Британија да ги предаде островите Чагос на Маврициус е чин на „ГОЛЕМ ИДИОТИЗАМ“ и дека тоа е „уште еден во долгата низа“ причини зошто САД мора да го преземат Гренланд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Велика Британија никогаш нема да ја компромитира нашата национална безбедност“, рече портпаролот на владата.

„Дејствувавме затоа што базата на Диего Гарсија беше доведена во прашање по судските одлуки што ја поткопаа нашата позиција и ќе оневозможат базата да работи како што е предвидено во иднина“, додаде тој.

Британската влада вели дека договорот „го обезбедува работењето на заедничката американско-британска база на Диего Гарсија за генерациите што доаѓаат“.

„Договорот беше јавно поздравен од САД, Австралија и сите други сојузници на групата Фајв ајс (Five Eyes), како и од клучните меѓународни партнери, вклучувајќи ги Индија, Јапонија и Јужна Кореја“, се заклучува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ