вторник, 13 јануари 2026

Велика Британија нема целосен план за одбрана во случај на војна

Велика Британија нема целосен план за одбрана на земјата во случај на војна, вклучувајќи го и начинот на мобилизирање на Националната здравствена служба (НХС) за справување со масовни жртви, изјави началникот на Генералштабот за одбрана Ричард Најтон.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќање пред пратениците, Најтон потврди дека Лондон сè уште не изработил модерна верзија на националниот план за одбрана, познат како Воена книга на Владата, која би го опфатила преминот на земјата од мир во војна, пренесува Скај њуз.

Таквиот план беше отфрлен по завршувањето на Студената војна и, и покрај повторното враќање на конфликт во Европа, не е обновен.

“Сè уште немаме комплетен план за национална одбрана”, рече Најтон, додавајќи дека владата е посветена на неговата изработка.

Најтон, исто така, изјави дека не постои холистички план за мобилизирање на лекарите, медицинските сестри и болниците од НХС во случај на тотална војна во Европа, што би претставувало дополнителен товар врз веќе оптоварениот здравствен систем.

Началникот на Генералштабот, исто така, потврди дека Министерството за одбрана нема средства за спроведување на сите постоечки програми и дополнителни цели од Стратешкиот одбранбен преглед објавен во јуни.

Тој изјави дека меѓу опциите останува разгледувањето за намалување или забавување на одредени воени програми.

Според него, воената компонента на идниот план за национална одбрана, за која е одговорно Министерството за одбрана, треба да биде завршена оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ