вторник, 24 февруари 2026

Велика Британија на четвртата годишнина од војната ѝ воведе на Русија најголеми санкции досега

Велика Британија денес воведе санкции врз нафтоводниот гигант „Транснефт“ меѓу речиси 300 руски субјекти, во она што го нарече нејзин најголем пакет мерки од првите месеци од војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Објавувајќи ги санкциите на четвртата годишнина од војната, владата соопшти дека „Транснефт“ е една од најголемите светски компании за нафтоводи и дека носи повеќе од 80 проценти од рускиот извоз на сурова нафта.

Целта е дополнително да се намалат руските приходи од енергија. Санкциите, исто така, вклучуваат 48 танкери за нафта, соопшти владата.

„Велика Британија денес презеде решителни мерки за да ги прекине клучните текови на финансирање, воена опрема и приходи што ја одржуваат агресијата на Русија“, изјави министерката за надворешни работи Ивет Купер во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ