петок, 27 февруари 2026

Велика Британија ги повлекува вработените од амбасадата во Иран поради можни напади од САД

Британскиот персонал е повлечен од британската амбасада во Иран, потврди владата на земјата, нарекувајќи го потегот „превентивна мерка“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Презедовме превентивна мерка за привремено повлекување на британскиот персонал од Иран. Нашата амбасада продолжува да работи од далечина“, соопшти владата на својата веб-страница со совети за патувања во Иран, како што пренесува Индипендент.

Во амбасадата на САД во Ерусалим, на вработените кои не се неопходни за извршување на итна и критична работа, како и на членовите на нивните семејства, им е наредено да го напуштат Израел поради зголемени безбедносни ризици.

Британското Министерство за надворешни работи предупреди дека неговата способност да им обезбеди помош на британските државјани во Иран сега е сериозно ограничена, бидејќи амбасадата повеќе не работи на лице место, туку функционира од далечина. Ова значи дека конзуларната помош не е достапна лично, дури ни во итни случаи.

Американскиот претседател Доналд Трамп накратко го изнесе својот став за евентуален напад врз Иран во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторникот, нагласувајќи дека иако се залага за дипломатско решение, нема да дозволи Техеран да се здобие со нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ