31-годишниот Кирк беше застрелан на Универзитетот во Јута на 10 септември. Речиси целата американска влада се собра на комеморацијата во Глендејл, Аризона, заедно со 100.000 други Американци во жалост кои ги исполнија двата стадиони.
Вдовицата на Чарли Ерика Кирк низ солзи објасни дека нејзиниот сопруг сакал да им подаде рака на „изгубените момчиња од Западот“, млади мажи кои чувствувале дека „немаат цел, вера и причина да живеат“, кои го трошеле своето време на глупост и омраза.
„Мојот Чарли сакаше да спаси млади луѓе, како оној што му го одзеде животот. Нашиот Спасител рече на крстот: Оче, прости им зашто не знаат што прават. Тој млад човек… му простувам, затоа што тоа го направи Христос и тоа би го направил Чарли.“
Erika Kirk: “My husband Charlie he wanted to save young men, just like the one who took his life…On the cross, our savior said, ‘Father, forgive them, for they not know what they do.’ That young man. I forgive him.” pic.twitter.com/jy8W7YrmVs
— CSPAN (@cspan) September 21, 2025
Трамп, кој зборуваше на крајот од службата зад непробојно стакло, се осврна на овие зборови и рече дека не може да го прости убиството на Кирк. Кирк не ги мразеше своите противници и им посакуваше добро, објасни американскиот претседател.
„Тука не се согласував со него. Ги мразам моите непријатели и не им посакувам добро. Жал ми е. Прости, Ерика. Сега Ерика ќе ми каже дека грешам, но навистина не можам да поднесам непријател. Сега, Чарли ми е лут“, рече Трамп.
We can forgive them… but God won’t…
”I hate my opponent, and I don’t want the best for them!” – President Trump 2.0 pic.twitter.com/BTXYWwibzT
— Pamela Raspino Eskine (@PenelopePi15850) September 22, 2025
Тој го нарече Кирк „маченик за слободата на Америка“ кој историјата ќе го запамети како херој и благороден христијанин и најави дека постхумно ќе биде награден со највисокиот цивилен орден на САД, Медалот на слободата.
„Тој е херој на Соединетите Држави и маченик за христијанската вера“, рече потпретседателот на САД и личен пријател на Кирк, Џеј Ди Венс.
„Тој ни беше одземен од оние кои ги презираат доблестите на цивилизацијата: дијалог, вистинољубивост, семејство и вера“, додаде Венс, потсетувајќи се на ликувањето, прославите и клеветите со кои смртта на Кирк беше дочекана од многу американски либерали.
Она што му се случи на Кирк „не е најлошата судбина“, додаде Венс. „Подобро е да се соочиш со смртта отколку да живееш во страв од вистината. Подобро е да страдаш за својата вера отколку да го негираш господството Христово. Подобро е да умреш млад на овој свет отколку да ја продадеш својата душа за лесен живот без смисла, без ризик, без љубов и без вистина.“
На комеморацијата присуствуваа и државниот секретар Марко Рубио, министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор, министерот за војна Пит Хегсет, новинарот Такер Карлсон и бројни други влијателни конзервативци, како и колегите на Кирк од организацијата „Трнинг поинт УСА“.
Говорот на Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на Белата куќа и личен пријател на Кирк, беше особено остар.
„Вие кои поттикнувате насилство и омраза против нас, што имате? Немате ништо. Вие сте ништо. Вие сте злоба и завист, љубомора и омраза. Вие не сте во можност да направите или изградите ништо. Ние градиме. Ние создаваме. Ние го воздигнуваме човештвото. Вие сакавте да го убиете Чарли Кирк, а го направивте бесмртен“, рече Милер.
POTUS x @ElonMusk
For Charlie. pic.twitter.com/Inaf8X81Gy
— The White House (@WhiteHouse) September 22, 2025
На комеморацијата присуствуваше и Илон Маск, кој се смири со Трамп во оваа пригода по месеци расправии. Белата куќа објави фотографија од нив двајца во разговор, со натпис „за Чарли“.
Според полициските проценки, стадионот со капацитет од 63.400 луѓе бил преполн, а уште 19.000 гости биле сместени во блиска помала арена, додека десетици илјади луѓе се собрале на улиците на Глендејл со американски знамиња и патриотски симболи.






