недела, 15 март 2026

Вашингтон: Путин го доби токму тоа што не го сакаше – посилно НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Му понудивме на Путин поинаков пат, а не инвазија за да ја зајакнеме нашата безбедност. Без оглед на тоа какви одлуки ќе донесе претседателот на Русија, САД, Полска и сојузниците ќе бидат спремни. САД истовремено ѝ испраќаат помош на Украина за да ѝ помогнат да се одбрани. За среќа, ни САД ни Полска не се осамени во тоа. Цело НАТО ја поддржува Украина и суверенитетот на нејзината територија како и правото на избор по каков пат сака да тргне во своите односи со соседите или политичките партнери“, кажа Остин на конференцијата за медиуми со полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

Остин предупреди дека каков било напад на Русија на Украина не само што ќе предизвика судир туку и ќе го прегази основниот принцип на неповредливост на територијата и суверенитетот на друга држава.

„Тоа што го гледаме на границата со Украина е дека и покрај тоа што Русија објави дека ги повлекува своите трупи не гледаме чекори кои би воделе кон деескалација. Истовремено гледаме дека Русија непрекинато се спрема за инвазија“, кажа американскиот министер за одбрана.

Тој истакна дека во оваа криза иронијата е дека Путин го добил токму она што не го сакал – посилно НАТО.

„На источното крило имаме далеку посилно НАТО и така ќе остане“, кажа Остин.

Американскиот министер и неговиот полски колега потврдија дека САД ќе ѝ испорачаат на Полска 250 тенкови „абрамс“ но не прецизираа кога ќе биде подготвен финалниот договор и кога ќе бидат испорачани.

„Во време на кризата која ја предизвика Русија многу го цениме присуството на американските војници во Полска. Таа поддршка е израз на одговорноста и решителниот ангажман на САД во безбедноста на Полска и Европа“, кажа Блашчак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ