среда, 10 декември 2025

Вашингтон подготви специфични санкции против припадници на руската елита и нивните семејства

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон идентификувал „поединци кои припаѓаат или гравитираат кон првиот круг околу Кремљ“, кажа таа и наведе дека тие лица се „особено чувствителни цели“ за санкции поради нивните многу тесни финансиски врски со западните земји.

„Тоа е само еден од елементите во нашата желба да ја погодиме Русија од сите агли“ во случај да ја нападне Украина, кажа Псаки.

Британија, една од омилените дестинации за инвестициите на руските олигарси, исто така денес најави дека го јакне својот арсенал на потенцијални санкции против руски поединци или компании.

Вашингтон веќе неколку дена работи на деталите на големите санкции кои Американците се закануваат дека ќе ѝ ги воведат на Русија во случај на воена ескалација. САД, на пример, веќе се заканија дека на руските банки ќе им го прекинат пристапот до трансакциите во долари и ќе забранат продажба на американска технологија на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ