понеделник, 8 декември 2025

Вашингтон: Целта на Путин е обновување на Советскиот Сојуз

Објавено на

часот

Сподели

Што се однесува до реалниот напредок, многу е тешко да се замисли дека ќе се случи, сè додека постои актуелната ескалација во која Русија ја држи Украина на нишан со 100.000 војници на границата, а постои можност нивниот број многу брзо да се удвои, кажа Блинкен за Си-ен-ен.

Според него, Русија сака во геополитичка смисла да го обнови поредокот на нештата кој постоел под Советскиот Сојуз.

„Мислам дека тоа е една од целите на претседателот Владимир Путин. А тоа значи обновување на сферата на влијание над земјите кои порано беа дел од Советскиот Сојуз, што е неприфатливо“, кажа Блинкен.

Зборувајќи за американско-руските преговори, кои ќе бидат одржани утре во Женева, тој истакна дека мерки за намалување на тензиите се можни само на заемни основи.

„Ако Соединетите Американски Држави и Европа (ЕУ) преземат чекори за да ѝ излезат во пресрет на Русија поради нејзината загриженост, тогаш и Русија ќе мора да го направи истото“, истакна шефот на американската дипломатија.

Блинкен наведе дека американската влада не планира да прави отстапки во претстојните руско-американски преговори за безбедноста, како и дека Вашингтон очекува да процени дали е можно да се смалат тензиите.

„Тука не станува збор за отстапки туку за сфаќање дали, во контекст на дијалогот и дипломатијата, двете страни можат да преземат чекори кои ќе ги намалат тензиите. Тоа го правевме и во минатото“, кажа Блинкен и додаде дека САД ќе продолжат да ѝ испорачуваат на Украина одбранбено оружје.

Според него, делегациите на САД и Русија на претстојните преговори во Женева би можеле да ги постават темелите за обновување на договорот за ракетите од среден дострел, а Вашингтон е спремен да разговара и за размерите на воените вежби кои се изведуваат во Источна Европа, но не и за бројот на американските трупи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ