„Му порачуваме директно на Пекинг, апсолутно ќе се соочи со последици, санкции од големи размери, во обидите за избегнување на санкциите или поддршка на Русија“, кажа Саливен за Си-ен-ен.
„Тоа нема да го дозволиме и нема да дозволиме тоа да биде спас од економските санкции за која било земја, никаде во светот“, кажа тој.
Саливен и кинескиот дипломат Јанг Јиечи треба да се сретнат утре во Рим и главната тема на нивните разговори ќе биде Украина но не се очекуваат никакви посебни резултати, кажа претставник на Стејт департментот кој сакал да остане анонимен.
САД поединечно се сретнуваат со Кина и земјите од Персискиот залив да се придружат во напорите за изолација на Русија од глобалната економија.
Пекинг, клучниот трговски партнер на Русија, одби да ја нарече руската инвазија во Украина под тоа име, но кинескиот претседател Си Џинпинг минатата недела повика на „максимална воздржаност“ по онлајн средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.
Трговијата сочинувала 46 отсто од руската економија во 2020 година, а голем дел од таа трговија бил токму со Кина, најголемата руска извозна дестинација.






