четврток, 11 декември 2025

Урсула фон дер Лаен е најмоќната жена во 2025 година

На листата на 100 најмоќни жени во 2025 година на американското списание „Форбс“ на првото место се наоѓа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во образложението на уредничкиот одбор се наведува дека таа е првата жена на таа позиција, одговорна за законодавство кое влијае на повеќе од 450 милиони Европејци.

На второто место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, на трето е јапонската премиерка Санае Такаичи, која е и првата жена на таа позиција.

На четвртото место е италијанската премиерка Џорџа Мелони, на петто е мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, а во првите 10 се и извршната директорка на „Џенерал моторс“ Марија Бара и извршната директорка на „Сити“ Џејн Фрејзер.

Списанието исто така во листата на 100 најмоќни жени ги вклучи извршната потпретседателка и финансиска директорка на Мајкрософт Ејми Худ, генералната директорка на ММФ Кристалина Георгиева, претседателката и оперативна директорка на Спејсекс Гвин Шотвел, поп-пејачката Тејлор Свифт и индиската министерка за финансии и корпоративни работи Нирмала Ситараман.

На листата се вклучени и медиумската личност Опра Винфри, копретседателката на Волт Дизни Дана Волден, британската министерка за финансии Рејчел Ривс, кинеската извршна директорка на Џеј Ди.ком Сенди Ран Су, претседателката на Њујоршката берза Лин Мартин, извршната директорка на Водафон Маргерита Дела Вале и главната директорка за содржини на платформата Нетфликс Бела Бахарија.

Меѓу 100-те најмоќни жени се најдоа и извршната директорка на Фокс њуз Сузан Скот, финансиската директорка на Дојче Фокс груп Мелани Крајс, јавната личност и претприемачка Ким Кардашијан, премиерките на Конго Џудит Суминва Тулука, на Данска Мете Фредериксен и на Барбадос Миа Мотли.

Последното место на листата го зазедоа хероините од анимираната серија, копродуцирана од Нетфликс и Сони рекордс, „Кеј-поп демон хантерс“ за женскиот Кеј-поп бенд (ХУНТР/X), која до декември 2025 година беше прегледана повеќе од 325 милиони пати и стана најпопуларниот филм на Нетфликс досега.

Листата, која се објавува по 22 пат, е креирана врз основа на четири главни критериуми – пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. Вклучува жени од областа на политиката, финансиите, медиумите, забавата, претприемништвото, а вклучува и 17 жени кои претходно не беа на листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ