сабота, 13 декември 2025

Ураганот Мелиса се упатува кон Бермудите, најмалку 24 мртви во Хаити

Ураганот Мелиса, кој уби 24 лица во Хаити и опустоши цели региони на Јамајка и ја поплави Куба, денес пристига на Бермудите по повеќедневно патување низ Карибите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Условите на Бермудите брзо ќе се влошат доцна попладне и навечер“, соопшти Националниот центар за урагани на САД во својот последен извештај, додавајќи дека се очекуваат ветрови со брзина до 165 километри на час.

Климатските промени предизвикани од човечка активност го направија ураганот Мелиса посилен и поразорен, според студија објавена во вторник од климатолози на Империјал колеџ во Лондон.

Од среда, Куба ги чисти своите поплавени улици, покриени со остатоци.

Во Сантијаго де Куба, вториот по големина град во земјата, делови од куќи се урнати. Градот е без струја, а многу далноводи лежат на земја.

Кубанските власти соопштија дека ураганот предизвикал голема штета, но нема жртви.

Во Хаити, кој не беше директно погоден од ураганот, но беше погоден од обилни дождови, најмалку 24 лица, меѓу кои 10 деца, загинаа, а 18 се водат како исчезнати, според новиот биланс објавен од ОН денес.

Ураганот Мелиса беше најмоќната бура што стигна до копното во последните 90 години кога ја погоди Јамајка во вторник како ураган од категорија 5, највисоко ниво на скалата Сафир-Симпсон, со ветрови од околу 300 километри на час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ