понеделник, 15 декември 2025

Универзитетот Колумбија постигна спогодба со Трамп, ќе платат 200 милиони долари

Универзитетот Колумбија вчера соопшти дека ќе ѝ плати на владата на САД 200 милиони долари како дел од спогодбата со претседателот Доналд Трамп, за повторно да имаат пристап до финансиска поддршка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Трамп ги нападна универзитетите, вклучително и Колумбија, откако се врати во Белата куќа во јануари поради пропалестинското студентско протестно движење што ги потресе високообразовните институции минатата година.

Во март, администрацијата на Трамп соопшти дека го казнува универзитетот заради неговото справување со минатогодишните пропалестински протести со откажување на стотици милиони долари истражувачки грантови. Се наведува дека одговорот на Колумбија на наводниот антисемитизам и вознемирување на еврејските и израелските членови на универзитетската заедница бил недоволен.

„Според денешниот договор, огромното мнозинство од буџетската поддршка што беше прекината или паузирана во март 2025 година ќе биде обновена, а Колумбија ќе го врати пристапот до милијарди долари од сегашното и идно финансирање“, се вели во соопштението на универзитетот.

Минатата недела, Колумбија усвои дефиниција за антисемитизам што го изедначува терминот со спротивставување на ционизмот. Универзитетот исто така објави дека повеќе нема да соработува со пропалестинската група „Универзитет Колумбија апартхејд дајвест“.

Властите ги етикетираа пропалестинските демонстранти како антисемити и симпатизери на екстремизмот, на што тие одговорија дека администрацијата на Трамп погрешно ги изедначила критиките за израелската воена офанзива во Газа со антисемитизам, а застапувањето на палестинските права со екстремизам.

Објавата на Универзитетот Колумбија дојде само еден ден откако беа изречени дисциплински мерки против десетици студенти за окупирање на главната библиотека за време на пропалестинските протести во мај.

Администрацијата исто така го користеше инструментот за федерално финансирање во својот конфликт со Харвард. Исто така се обиде да депортира странски пропалестински студенти, што судовите го блокираа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ