„Милиони деца и понатаму живеат во страв и неизвесност во Сирија и во соседните земји и потребна им се помош“, кажа регионалната директорка на Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) за Блискиот Исток и Северна Африка Адел Ходр.
Според последните податоци на агенцијата на ОН „за повеќе од 6,5 милиони деца во Сирија е потребна помош и од помошта зависат речиси 5,8 милиони сириски деца во соседните земји“.
УНИЦЕФ изрази жалење поради намаленото меѓународно финансирање, тврдејќи дека добил „помалку од половина од средствата потребни оваа година“.
Регионалната директорка на УНИЦЕФ кажа дека „цените на основните намирници, вклучувајќи ја храната, вртоглаво растат, делумно и поради кризата во Украина“.






