Најпогодени се децата во супсахарска Африка, предупредува УНИЦЕФ, додавајќи дека ситуацијата е сериозна и во јужна и југоисточна Азија како и на Пацификот.
Агенцијата на ОН предупредува дека „значајниот напредок“ постигнат во борбата против детската сиромаштија е во опасност откако бројни земји одлучија да ја намалат помошта за развој и меѓународната соработка.
„Климатските промени и конфликтите се закануваат да доведат уште повеќе семејства во сиромаштија“, се вели во извештајот.
УНИЦЕФ оценува дека околу 412 милиони деца ширум светот живеат во сиромаштија, односно со помалку од три долари на ден, но нагласува дека таа бројка „кажува само дел од приказната“.
„Најраспространет недостаток е поврза со санитарните услови – 65 проценти од децата во земјите со ниски приходи немаат пристап до тоалет“.
Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, истакна дека детската сиромаштија е значително намалена од 2014 до 2024 година благодарение на силните политички напори.
Таа ги повика владите и компаниите да ги зголемат трошоците за клучни услуги за децата, наместо да ги намалат средствата наменети за најранливите.






