вторник, 31 март 2026

УНХЦР: Повеќе од 200.000 луѓе избегале од Либан во Сирија

Повеќе од 200.000 луѓе, од кои огромното мнозинство Сиријци, ја преминале границата меѓу Либан и Сирија од почетокот на војната меѓу Израел и Хезболах на почетокот на март, соопшти денес агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Речиси еден месец откако се интензивираа непријателствата во Либан, Сирија се соочува со голем пораст на бројот на луѓе што ја преминуваат границата од Либан. Помеѓу 2 и 27 март, повеќе од 200.000 луѓе влегле во Сирија преку три официјални премини“, изјави Асер ал-Мадаиен, привремена претставничка на УНХЦР во Сирија, на видеоконференција од Дамаск.

„Овие бројки ги дадоа властите и потврдени се од нашите колеги на терен“, додаде таа, објаснувајќи дека „огромното мнозинство“ од овие луѓе, „речиси 180.000 се Сиријци, особено сириски бегалци кои избегале од Сирија и нашле засолниште во Либан и кои сега се принудени повторно да бегаат“.

„Повеќе од 28.000 Либанци исто така ја преминале сириската граница. Повеќето бегаат од интензивното израелско бомбардирање. Тие пристигнуваат исцрпени, трауматизирани и со малку работи“, рече претставничката на УНХЦР.

Проиранскиот Хезболах го вовлече Либан во регионална војна на 2 март, започнувајќи напад врз Израел како одмазда за израелско-американските напади во кои беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објави агенцијата Франс Прес.

Либан прими повеќе од еден милион сириски бегалци кои избегаа од својата земја за време на граѓанската војна предизвикана од репресијата на народното востание против режимот на Башар ал-Асад во 2011 година. Повеќе од половина милион од тие бегалци се вратија во Сирија по падот на Асад кон крајот на 2024 година. УНХЦР соопшти дека бројот на луѓе што бегаат од Либан во Сирија би можел да достигне 300.000 до 350.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ