Земјите низ цела источна Европа се подготвуваат за бран бегалци од Украина, според Би-би-си њуз. Унгарските вооружени сили ќе извршуваат хуманитарни задачи и ќе осигурат дека „ниту една вооружена група нема да влезе на унгарска територија“, рече Бенко.
„Безбедноста на Унгарија е најважна, затоа дополнително ќе ја зајакнеме границата со Украина“, рече министерот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан е познат по неговиот цврст став кон миграцијата. За разлика од Унгарија, Романија рече дека може да прими околу половина милион бегалци од Украина доколку кризата се влоши.
„Постојат повеќе процени, но ние би можеле да примиме повеќе од 500.000 бегалци. Тоа е бројката за која сме подготвени“, им рече на новинарите романскиот министер за одбрана Василе Динку.






