сабота, 6 декември 2025

Унгарија: Не ја прифаќаме одлуката на ЕУ за забрана на увозот на руски гас

Невозможно е Унгарија да ја прифати и спроведе одлуката на ЕУ за постепено забранување на увозот на руски енергетски производи, бидејќи тоа ја загрозува енергетската безбедност на земјата, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, најавувајќи покренување постапка против одлуката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ЕУ денес се согласи да престане да увезува руски гас до крајот на 2027 година со цел да ја намали својата долгогодишна зависност од руската енергија. Сијарто изјави дека Унгарија и Словачка ќе поведат судска постапка против одлуката пред Европскиот суд на правдата.

Унгарија и Словачка се во голема мера зависни од снабдувањето со гас и нафта од Русија и стравуваат дека поскапите алтернативи ќе им наштетат на нивните економии. „Прифаќањето на оваа наредба од Брисел е невозможно за Унгарија“, рече Сијарто на прес-конференција преку Фејсбук.

Тој оцени дека потегот го крши основачкиот акт на ЕУ и всушност се работи за санкции под маската на трговската политика. Словачката влада денес разговараше за правните опции, но не прецизираше каква конкретна акција планира да преземе.

„Имаме доволно правни основи да поднесеме жалба. Се согласивме дека наскоро ќе презентираме што Европската комисија исполнила од ветувањата што ни ги даде“, изјави денес словачкиот премиер Роберт Фицо.

Словачка ги доби овие гаранции кога ги поддржа санкциите на ЕУ против Русија, за што беше потребен консензус од земјите-членки. Сепак, забраната за увоз на руски гас е законска мерка која не бара мнозинство гласови од членките на ЕУ, па затоа Унгарија и Словачка не можат да ја блокираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ