„Реалноста потекнува од инфраструктурата и достапноста на природниот гас. Нафтата и природниот гас од Русија се во моментов доминантни во нашиот регион“, кажа Сијарто за време на својата денешна посета на Србија.
„Затоа не можеме да прифатиме мерки кои би наметнале непропорционален товар врз Унгарија и унгарскиот народ“, порача Сијарто.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде слична изјава вчера, истакнувајќи дека „секој во Европа ги чувствува последиците“ на санкциите против Москва. „Јасно кажав дека ние го осудуваме нападот на Москва, ја осудуваме војната, но нема да дозволиме цената на војната да ја плаќаат унгарските семејства“, кажа Орбан.
Премиерот кажа дека земјата поголемиот дел од своите гас и нафта го увезува од Русија, а 90 отсто од унгарските домаќинства се греат на гас. „Без гас и нафта, унгарската економија едноставно не може да функционира“, кажа Орбан.
Вчера Европската Унија претстави план кој треба да ја направи независна од руските енергенси „многу пред 2030 година“. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа дека ЕУ „едноставно не може да зависи од доставувач кој експлицитно ни се заканува“.
Русија го нападна својот западен сосед минатиот месец, тврдејќи дека спроведува „специјална воена операција“ за да ги одбрани одметнатите региони Луганск и Доњецк, кои прогласија независност од Украина набрзо по државниот удар во Киев во 2014. Русија бара од Украина да се прогласи за воено неутрална земја, гарантирајќи дека нема да влезе во НАТО.






