петок, 19 декември 2025

Унгарија и Словачка бараат од ЕУ да ја принуди Украина да ги запре нападите врз нафтоводот Дружба

Унгарија и Словачка побараа од Европската унија да ја принуди Украина да ги запре нападите врз нафтоводот Дружба, преку кој руска нафта се транспортира во Европа, се вели во заедничкото писмо на министрите за надворешни работи на двете земји, Петер Сијарто и Јуриј Бланар, објави денес московската новинска агенција ТАСС.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Без овој нафтовод, безбедното снабдување на нашите земји е невозможно, рекоа министрите, истакнувајќи дека како резултат на новиот украински напад врз инфраструктурата во текот на ноќта, снабдувањето со нафта за Унгарија и Словачка ќе биде прекинато најмалку пет дена.

Сијарто и Бланар ја повикаа Европската комисија да преземе мерки против Украина.

Украина изведе нов напад врз најголемата руска пумпна станица за нафта, клучен дел од системот на нафтоводот Дружба, во градот Унеча во Брјанската област. Информацијата ја потврди Роберт Бровди, познат како „Мадијар“, командант на украинските Сили за беспилотни системи, пишува Киев пост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ