недела, 15 март 2026

Украинското министерство: Руската војска трпи загуби (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Националните одбранбени сили, користејќи го правото на самоодбрана според членот 51 од Повелбата на Обединетите нации, достоинствено се спротивставуваат на обидите на непријателот да ја пробијат државната граница“, се вели во соопштението на Министерството објавено на Вотсап. „Ситуацијата е под контрола. Руските трупи трпат загуби“.

Министерството соопшти и дека „нема загуби меѓу бранителите на Украина“.

Во претходното соопштение, руското Министерство за одбрана соопшти дека ја неутрализирало воздушната одбрана на Украина.

Експлозии одекнуваат низ цела Украина откако руските и белоруските сили утрово објавија офанзива во земјата.

Нападнато е и военото пристаниште во Одеса:

[media file=”/files/article/2022/02/24/0-02-05-590d4e1ba2a3fa2d42f7207cfc8f3762a289d89d0260d33211b20a58fd65d95c6f3fbb0140d25e71.mp4″]

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ