Украинската војска сили ја продолжува контраофанзивата северно од Харков, вториот по големина град во оваа земја, и повторно зазеде неколку градови и села долж руската граница, соопшти британското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.
Русија, наводно, ги повлекла единиците од областа и силите најверојатно ќе се прераспоредат откако ќе ги надополнат загубите на источниот брег на реката Северски Доњец, додаде британското Министерство за одбрана.
Ројтерс потсетува дека Украина во средата објави дека ги потиснала руските сили на исток за да го врати Питомник, село на главниот автопат северно од Харков, на половина пат до руската граница.






