недела, 29 март 2026

Украинскиот воздушен простор затворен за цивилни летови (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

На фотографиите на сајтот Флајтрадар може да се види дека над Украина практично нема цивилни летови, бидејќи Украина веднаш откако почна нападот на земјата го затвори својот воздушен простор за сите цивилни авиони.

Сите комерцијални летови од главниот град Киев се откажани по оружениот судир во близина на главниот аеродром Бориспил.

На авиопревозниците им е сугерирано да останат оддалечени од воздушниот простор на Украина најмалку 185 километри, од безбедносни причини.

Руските трупи утринава влегоа на територијата на Украина, но нема прецизни податоци за жртвите и повредени, како ни за воените загуби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ