недела, 1 февруари 2026

Украинскиот претседател: Предупредувањата за претстојна руска инвазија само сеат паника

Објавено на

часот

Сподели

Американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина „предизвикуваат паника и не ни помагаат“, изјави во саботата Володимир Зеленски, пренесува Интерфакс-Украина.

„Во моментов, паниката е најдобар пријател на нашите непријатели. А сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат“, рече Зеленски.

Германија во саботата се приклучи на се поголемата листа на европски земји кои ги повикуваат своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина, а повици да се напушти Украина упатија и Саудиска Арабија и Јордан.

Соединетите Американски Држави во петокот објавија дека Русија распоредила доволно трупи долж границата со Украина и може да започне офанзива во секое време, што Москва го отфрла како американска пропаганда со цел провокација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ