среда, 1 април 2026

Украинскиот премиер: Мариупол уште не паднал, нашите војници ќе се борат до крај (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Градот сè уште не паднал“, рече тој. „Сè уште се таму нашите воени сили, нашите војници, тие ќе се борат до крај. Тие сè уште се во Мариупол“, изјави тој за американската мрежа Еј-би-си.

Руската војска вели дека го контролира речиси целиот Мариупол, додека украинскиот баталјон Азов сè уште се држи во Азовстал, голема фабрика за челик на брегот на Азовското Море.

Русија почна да фрла бомби врз челичаната во Мариупол наменети за уништување бункери, тврди командантот на Националната гарда на Азов, Денис Прокопенко.

Во видео порака, Прокопенко вели дека бомбите паѓаат иако цивили се кријат во тунелите на фабриката. „Руските окупаторски сили знаат за цивилите и постојано пукаат на фабриката“, рече тој.

Русија процени дека во тунелите и подрумите има 2.500 украински војници и околу 400 странски платеници. Шефот на градската патролна полиција Михаил Вершинин изјави дека во фабриката се кријат многу цивили, меѓу кои и деца.

Украина проценува дека во Мариупол биле убиени 21.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ