четврток, 29 мај 2025

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за минерали со САД

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот со САД за експлоатација на природните ресурси на Украина, за кој Киев се надева дека би можел да го отвори патот за нова американска воена помош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украинскиот парламент го ратификуваше историскиот договор за економско партнерство меѓу Украина и САД“, објави украинската министерка за економија Јулија Свириденко на Икс.

Документот се однесува на екстракција на минерали, нафта и гас во Украина.

Тој не вклучува безбедносни гаранции за Киев, иако Украина инсистираше на тоа.

Свириденко претходно изјави дека се надева оти договорот ќе ѝ овозможи на Украина да добие нова воена помош од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој сака да стави крај на војната меѓу Украина и Русија.

Договорот беше потпишан кон крајот на април по неколку недели тензии меѓу Киев и Вашингтон, кои кулминираа со вербален судир меѓу претседателот Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба кон крајот на февруари.

Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, а двете земји се во жестока војна оттогаш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ