Тој за еден локален ТВ-канал изјави дека украинските војници постојано одржуваат разни вежби и дека ќе почнат да вежбаат употреба на беспилотни летала „бајрактар“ и противтенковски ракети „јавелин“, како и НЛАВ (нова генерација лесно противтенковско оружје) обезбедени од странски партнери, пренесува Ројтерс.
Резников нагласи дека Украина добила оружје „за кое претходно можела само да сонува“.
„Имав многу добар и пријатен разговор со британскиот министер за одбрана Бен Волас. Разговаравме за натамошната помош, како во форма на оружје, така и во форма на одредени комуникации. Сѐ држиме под контрола“, изјави украинскиот министер за одбрана.






