Министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирски го именуваше регрутот Артјом Рјабчук како одговорен за нападот и кажа дека тој ќе ја „сноси најстрогата одговорност предвидена со закон“. При апсењето војникот имал пушка калашњиков и 200 куршуми.
Монастирски кажа дека ќе биде формирана специјална комисија која ќе ги истражи сите околности кои можеле да доведат до злочинот.
Украинските служби потврдија дека напаѓачот не бил под надзор, како и тоа дека ништо не укажувало дека имал психички проблеми. Служел само три месеци, а има 21 година.
Инцидентот се случил рано утринава во фабриката за ракети Пивденмаш за време на примопредавање на оружјето на стражарите, се наведува во соопштението. Полицијата наведе дека меѓу жртвите има четворица војници и една жена цивил.
„Истрагата, пред сè, ќе се фокусира на прашањето – што бил мотивот за извршување толку страшно злосторство? Прво ќе се проучи прашањето дали војникот се соочил со психолошки притисок во тимот“, напиша заменикот министер за внатрешни прашања на Украина Анетон Герашченко на Фејсбук.
Истражителите, како што додаде, ќе истражат како војникот Артјом Рјабчук воопшто ја поминал медицинската комисија која му овозможила пристап до оружје.
На интернет се појави и снимка од апсењето на Рјабчук:
[video:https://www.youtube.com/watch?v=YswY5U2dXf8&t=4s autoplay:0]





