Во меѓувреме е објавена снимка од слетувањето на украинскиот воен авион во воздухопловната база кај градот Бакау во Романија.
По повод инцидентот се огласи министерството за одбрана на Романија со соопштениет.
„Во четврток 24 февруари два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство на борбена служба на Воздушната команда на НАТО полетаа околу 6:15 часот, за разјаснување на воздушната ситуација со неовластен лет во северниот дел на Романија, приближувајќи се на нашиот национален воздушен простор.
Двата романски авиони стриктно ги применија националните процедури и меѓународните правила кои се применуваат во вакви ситуации, преминувајќи на пресретнување и визуелна идентификација на леталото кое влезе во романскиот воздушен простор.
Авионот сухој 27, кој припаѓа на украинското воено воздухопловство, беше испратен за моментално слетување во воздухопловната база Бакау 95, кое беше завршено во 7:05.
По слетувањето, украинскиот воен пилот им се стави на располагање на романските власти и ќе бидат преземени законски мерки потребни во овие ситуации“.
JUST NOW: Ukrainian Su-27 fighter aircraft lands in a Romanian airbase as it was escorted by two Romanian F-16s.#Russia #Ukraine #Romania #RomanianAirbase pic.twitter.com/PJU1fn045J
— WORLD WAR 3 – RUSSIA vs Ukraine #2022 (@WW32022) February 24, 2022






