четврток, 11 декември 2025

Украински министер: Русија ќе остане на дипломатскиот пат уште најмалку две недели

Објавено на

часот

Сподели

Иако ги насобра своите воени сили во близина на границата со Украина, Русија во неколку наврати изјави дека нема намера да ја нападне Украина.

„Ништо не се промени, што е лоша вест“, рече Кулеба на прес-конференција во Копенхаген, откако Русија во средата во Париз преговараше за безбедносни прашања со дипломати од Украина, Франција и Германија.

„Но, добрата вест е што советниците договорија средба во Берлин за две недели, што значи дека Русија најверојатно ќе остане на дипломатскиот пат во следните две недели“, рече Кулеба по средбата со данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод.

Таканаречените нормандиски преговори (или преговори во нормандиски формат, наречени така затоа што се одржаа за прв пат на северот на Франција) може да се толкуваат како чекор кон смирување на тензиите во источна Украина.

„За жал, најголемото барање на Русија е Украина да преговара директно со руските претставници во Доњецк и Луганск наместо да преговара со Русија. Тоа нема да се случи, тоа е прашање на принцип“, рече Кулеба.

Доњецк и Луганск се самопрогласени републики во регионот Донбас во источна Украина.

Кулеба рече дека Украина се подготвува за сите сценарија, но дека главната стратегија што Русија сега ја применува е дестабилизација на Украина, што вклучува употреба на тактики на хибридно војување, како што се сајбер-напади и кампањи за ширење дезинформации.

„Сметаме дека воената операција е една од нивните опции, но не и главната“, рече Кулеба.

Русија смета дека кризата е предизвикана од НАТО и САД и бара безбедносни гаранции од Западот, вклучително и ветување од НАТО дека никогаш нема да ја прифати Украина.

Соединетите Држави во средата, во писмен одговор на барањата на Русија, ја повторија „политиката на отворени врати“ на НАТО, нудејќи „принципиелна и прагматична проценка“ за она за што се грижи Кремљ.

Кулеба рече дека го видел делот од одговорот кој се однесува на Украина и дека за тоа нема никакви забелешки.

„Морам да ја пофалам отвореноста на администрацијата на Бајден за консултации со нас пред да разговара со Русите“, рече Кулеба, додавајќи дека сите договори направени без Украина нема да бидат прифатени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ