недела, 21 декември 2025

Украински медиуми: Руски сили влегле во село во регионот Суми и однеле 50 жители во Русија

Руските сили ја преминале границата со Украина во североисточниот регион Суми и одвеле околу 50 жители од едно украинско погранично село во Русија, објавија денеска украинските медиуми, повикувајќи се на војската, пренесува агенцијата Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот јавен сервис Суспилне и порталот Украинска правда објавија дека руските сили влегле на украинска територија во саботата навечер, во реонот на селото Храбовске.

Повеќето од мештаните што биле заробени во селото биле постари лица, според медиумите.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди обвинувањата. Русија засега не се огласила во врска со случајот.

Руските сили воспоставија упоришта во неколку села во регионот на Суми во последните месеци, а бројни локации беа предмет на гранатирање.

Шефот на воената администрација, Олех Грихоров, објави на Телеграм дека властите започнале со евакуација на жителите на пограничните села кои претходно одбивале да бидат преселени.

Тој не прецизираше за кои места станува збор, но ги повика жителите на пограничните области да се согласат на евакуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ