среда, 1 април 2026

Украинската армија: Ја презедовме контролата врз целиот киевски регион, Русите минираат сѐ

Објавено на

часот

Сподели

Сите овие градови беа разорени од судирите што почнаа на 24 февруари со руската инвазија. Украинците во понеделникот објавија дека успеале да ја вратат контролата врз Ирпин, кој беше во руски раце од крајот на февруари. Новинарите на агенцијата Франс прес во саботата влегоа во Буча, град што речиси еден месец беше недостапен за медиумите.

Руските сили спроведуваат „брзо повлекување“ од регионот Киев во северна Украина, сега фокусирајќи се на источна и јужна Украина. Претходно, советник на украинскиот претседател Олексеј Арестович изјави дека украинските сили повторно зазеле повеќе од 30 градови и населени места во регионот на Киев.

Тој предупреди дека ќе има поинтензивни конфликти во другите региони. „Немаме илузии – сѐ уште претстојат тешки битки за југот, за Мариупол, за истокот на Украина“, рече Арестович, пренесува Би-би-си.

Вчера во ноќно обраќање украинскиот претседател Зеленски ги предупреди Украинците дека руските сили што се повлекуваат „создаваат комплетна катастрофа кај Киев оставајќи мини во целата област“, вклучувајќи ги и областите околу домовите и околу труповите што останале.

„Ја минираат целата територија. Ги минираат куќите, ја минираат опремата, дури и телата на убиените. Поставија многу жици, а зад себе оставија и многу други опасности“, рече Зеленски.

Зеленски рече дека руските сили се повлекуваат „полека, но забележливо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ