понеделник, 30 март 2026

Украинска активистка го нападна Борис Џонсон: „Се плашите, НАТО не сака да нѐ брани“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зоната на забранети летови би значела дека воените сили на НАТО би ги напаѓале руските воздушни сили директно на небото над Украина, вели Би-би-си.

Таа го обвини НАТО дека не сака да го стори тоа од страв дека ќе има трета светска војна.

„Ние бараме зона на забранети летови и добиваме одговор дека така ќе почне трета светска војна, но што е алтернативата?“

„Вие доаѓате во Полска, не доаѓате во Киев, господине премиер. Затоа што се плашите“, му рече таа на Џонсон. „НАТО не сака да брани. НАТО се плаши од трета светска војна, но таа веќе е почната.“

Како одговор, Џонсон рече дека кризата „не е нешто што Британија може да го поправи со воени средства“.

„Јас сум свесен дека не може доволно да направиме како британска влада за да помогнеме на начинот што го барате вие. Морам да бидам искрен за тоа. Кога зборувате за зона на забрането летање, за жал, како што повеќе пати му кажав на Володимир Зеленски, последиците од тоа ќе бидат Велика Британија да се впушти во соборување руски авиони, би се впуштиле во директна борба со Русија. Тоа не е нешто што ние не можеме да го сториме. Мислам дека последиците од тоа би биле навистина многу многу тешки за контролирање. Она што можеме да го сториме се сите овие работи што веќе ги правиме“, одговори Џонсон.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=bcuT-3LQHF0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ