„Неговата главна задача била да ја разниша политичката ситуација во регионот на Одеса со саботажи и терористички дејства“, се наведува во соопштението. Агентот бил фатен додека се обидувал да регрутира напаѓачи, се додава.
Не се наведуваат детали, но функционерите на руските министерства за надворешни работи и одбрана не одговориле веднаш на барањата за коментар.
Киев, Вашингтон и западноевропските престолнини се загрижени поради разместувањето на руски војници на руска територија во близина на границата со Украина. Американски и руски дипломати почнаа вчера во Женева разговори за деескалација на кризата.
Москва негира дека планира напад на Украина и го обвинува НАТО за поттикнување на тензиите.
Бара воениот пакт предводен од САД да гарантира дека Украина нема да стане членка на НАТО.






