понеделник, 30 март 2026

Украинците го потопија својот најдобар воен брод за да не падне во рацете на Русите (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Перјаницата на својата морнарица Украинците намерно ја потопиле за да спречат да ја преземат Русите, објави на Телеграм претседателот на Регионалниот совет на Одеса Олексиј Гончаренко.

Веста се рашири на социјалните мрежи, а се појави и фотографија од воениот брод како тоне во пристаниште во градот Миколаево на северниот брег на Црното Море.

Фрегатата Гетман Сагадичниј е пуштена во употреба пред 30 години, во 2014 е поправена во бродоградилиштето Украина, а во 2017 во Црноморското бродоградилиште.

Помалите поправки не биле доволни па во 2018 година решиле да направат ремонт, по што бродот би бил во употреба најмалку до 2031 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ