Тој додаде дека службите за итни случаи работат на локациите каде што паднале остатоците од беспилотните летала.
Државната новинска агенција РИА Новости објави дека московскиот аеродром Домодедово привремено ги ограничил пристигнувањата и заминувањата на авионите, но дека мерките подоцна биле укинати.
🚨🇷🇺 Moscow is under attack by Ukrainian drones, sirens can be heard in the region, — Mayor Sobyanin
Preliminary reports say 18 drones were shot down. pic.twitter.com/pmMkILniht
— Molo44 🇮🇹🇺🇦 (@MoloWarMonitor) February 15, 2026
Гувернерот на Брјанскиот регион, Александар Богомаз, изјави дека и тој регионот е исто така под голем напад од беспилотни летала од рано утрово, и дека досега се уништени 120 беспилотни летала.
Украина започна да изведува напади со беспилотни летала врз Москва и поширокиот московски регион во пролетта 2023 година, со што војната првпат во поголем обем стигна до срцето на Русија. Првично, целите беа претежно симболични, деловни згради, административни комплекси и инфраструктура, но со текот на времето, нападите станаа почести и пософистицирани.
Руските власти редовно тврдат дека повеќето беспилотни летала се пресретнати или соборени од воздушната одбрана на приодите кон главниот град.
Киев ги опишува овие напади како легитимни воени операции насочени кон руската воена и логистичка инфраструктура, со порака дека Москва мора „да ги почувствува последиците од инвазијата на Украина“.
Украинските власти нагласуваат дека напаѓаат објекти поврзани со војската и воените напори, додека Русија ја обвинува Украина за напаѓање цивилни цели.






