недела, 22 февруари 2026

Украина: Во терористички напад во Лавов загина полицајка, повредени се 15 лица (ВИДЕО)

Во серија експлозии што го потресоа Лавов, град во западна Украина, синоќа загина една полицајка, а 15 други беа повредени.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Властите го опишаа инцидентот како терористички напад, пренесе Киев Индепендент. Пред експлозиите немало предупредување за воздушен напад.

„Ова беше терористички напад. 15 жртви во моментов се хоспитализирани“, изјави градоначалникот на Лавов, Андриј Садови.

Експлозиите се случиле во близина на историскиот центар на градот, силата на детонациите ги скршила прозорците во блиските згради. Репортер на Киев Индепендент, кој бил на терен ги слушнал експлозиите околу 00:25 часот по локално време.

Националната полиција на Украина соопшти дека експлозиите се случиле откако полицијата пристигнале на местото на настанот по повик. Обвинителството на Лавовската област објасни дека полицајците реагирале на пријава за провала во продавница кога се случила првата експлозија. Втората експлозија се случила кога на местото на настанот пристигнала втора полициска екипа.

„Според прелиминарните информации, убиена е 23-годишна полицајка. Оштетени се патролно возило и цивилно возило“, соопшти обвинителството.

Властите сè уште ја проценуваат ситуацијата и сè уште не објавиле кој би можел да стои зад смртоносниот напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ