Соединетите Американски Држави претходно ја отфрлија ваквата иницијатива на Полска. Пентагон рече дека префрлањето борбени авиони од Полска во Киев е премногу ризичен потег. Засега нема коментари од Белата куќа.
Кулеба ја наведе оваа информација по средбата во Полска со министерот за одбрана Олексеј Резников и американскиот претседател Џо Бајден.
„На Украина итно ѝ се потребни повеќе борбени авиони за да се постигне рамнотежа во воздушниот простор и за да се запре руското убивање на цивили“, рече Кулеба, пренесе Тајмс оф Израел.
Полска го поддржа планот за испраќање МиГ-29 во Киев преку американската воздухопловна база во Рамштајн, Германија.






