недела, 15 март 2026

Украина: Сепаратистите гранатираа градинка (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бунтовниците во источна Украина поддржани од Русија ги обвинија владините сили на Киев дека користат минофрлачи за да ја нападнат нивната територија, прекршувајќи ги договорите за ставање крај на конфликтот.

Украина ги отфрли обвинувањата. Официјален претставник на операцијата на здружените сили на Украина соопшти дека врз нивните војници било пукано, но не возвратиле.

Украинската војска тврди дека е погодена градинка во Станисија Луханска откако бунтовниците употребиле тешка артилерија.

Според војската, половина од градот сега е без електрична енергија откако е оштетена неговата комунална инфраструктура.

Дописникот на Базфид Кристофер Милер на својот твитер-профил објави фотографии од луѓе во скривалишта по гранатирањето. Нападот, вели, се случи околу 9 часот, додека во градинката имало деца, но нема повредени.

По нападот е објавена и снимка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ