сабота, 20 декември 2025

Украина сака да вооружи милион луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Олексиј Резников на Фејсбук истакна дека Украина „ќе мора внимателно да ги планира ресурсите“ и „да избегне грешки“ за да ја добие војната. Кажа дека Русија веќе претрпела „стратегиски пораз“, но истакна дека Украина ја очекуваат тешки недели.

„Никој не може да каже колку точно недели. Во тој период ќе се браниме пред сè со сопствени средства од непријателот излуден од гнев“, напиша украинскиот министер.

„Сè поголемиот притисок на санкциите против Русија и зголемувањето на странската помош на Украина би требало да создадат, во рок од неколку месеци, услови под кои Кремљ конечно ќе ги изгуби шансите за постигнување каков било успех. Тогаш за Украина ќе се појави нова прилика. Во овој исклучително тежок период потребно ни е заедништво, кохезија, волја и трпение“, смета тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ