среда, 1 април 2026

Украина: Русите свесно извршија масакр во Буча, по улиците мртви цивили (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Буча во саботата новинарите на агенцијата Франс прес пронајдоа тела на најмалку дваесет мажи во цивилна облека расфрлани по патот и тротоарот. „Сите тие луѓе се убиени со куршум во глава“, рече Анатолиј Федорук, градоначалникот на Буча.

Речиси 300 мртви тела беа закопани во масовни гробници, рече Федорук.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=OavheiatQwQ autoplay:0]

„Најдовме масовни гробници. Најдовме луѓе со врзани раце и нозе (…) со траги од куршум во главата испукан одзади“, изјави портпаролот на украинскиот претседател Серхиј Никифорович за Би-би-си. „Јасно е дека тие биле цивили и дека биле егзекутирани. Се чини дека тоа се воени злосторства“, рече тој.

Според последните информации на украинските власти, по повлекувањето на Русија во близина на Киев се пронајдени тела на повеќе од 400 луѓе, главно цивили.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=0zRtcIA187k autoplay:0]

Западните лидери денеска жестоко реагираа на ова, велејќи дека се згрозени и побараа да се процесуира злосторството.

Генералниот секретар на ООН рече дека е длабоко шокиран од сликите на мртви цивили во Буча. На Твитер, Антонио Гутереш повика на „независна истрага, која ќе доведе и до ефективно утврдување на одговорноста“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Твитер напиша дека е шокиран од страшните слики од Буча и дека ЕУ ќе им помогне на Украина и на невладините организации во собирањето на потребните докази за кривично гонење на Русија пред меѓународните судови.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги опиша сликите од Буча како „неподносливи“. Макрон го сподели своето сочувство со Украинците и жртвите, додавајќи: „Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=SGwJ1lnPnHE autoplay:0]

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ги осуди „неописливите ужаси“ снимени во областите каде што Русија се повлече. Таа повика на независна истрага – повторувајќи ги сличните коментари на поранешната британска министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Русија: Ова е провокација, ние заминавме во средата

Руското Министерство за одбрана ги негираше тврдењата на Украина дека стотици цивили биле убиени од руски војници во Буча.

Многубројните фотографии и видеа објавени од Украина беа наречени провокација, со тврдење дека сите руски единици го напуштиле градот во средата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ